Убиство во катедралата | Томас С. Елиот


Цена:
ден 210

Description

Поетската драма Убиство во катедралата е едно од најпознатите и најиграните драмски дела на Томас Стернз Елиот. Инспирирана е од убиството на Томас Бекет, архиепископот од Кентербери. Како и во својата поезија, Елиот и во оваа драма создава бројни дуализми и парадокси, како што се: вечност и минливост, дух и тело, дејство низ страдање и страдање низ дејство. Тоа го прави за главниот лик во драмата да го осознае парадоксот на „неподвижниот двигател“ – Бог, низ злото да се издигне до доброто, низ телесноста да стигне до чистата духовност, низ времето – до безвременоста, со својата смрт да ја победи смртта, како што тоа го сторил и месијата. Во драмата со извонредна поетска сликовитост, се изразува идејата дека сите што дејствуваат и сите што страдаат се наоѓаат на тркалото што се врти и токму во тоа постојано движење по патиштата на гревот и добрината во универзумот сè добива своја смисла.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed