Доколку сте купиле одреден производ од давателот на услугата или продавачот на производот и сакате да го повлечете купувањето односно да поднесете барање за рефундација, тоа можете да го сторите преку овој формулар.

Она што треба да го знаете пред да го поднесете барање е следното:

Доколку сакате да поднесете барање за враќање на производ кој ви е веќе доставен пред да го поднесете ова барање осигурајте се дека истиот не е користен, отворен или оштетен. Доколку доставувате барање за враќање на производ кој ви е веќе доставен вие се согласувате да ги сносите трошоците за испорака на производот до потребната локација на продавачот или сами да го доставите производот до адресата на продавачот. Рефундации на средства за вратени производи се вршат по приемот на вратениот производ на потребната назначена локација.

При враќање на одреден производ, без притоа да има вина на продавачот ве информираме дека административните трошоци за процесирање на трансакцијата за поврат на средствата ги сносите вие, во висина од 5% од вкупната платена вредност. Единствено доколку се согласите средствата да ви бидат ставени на располагање на вашиот Woooper профил од кој сте го извршиле купувањето во форма на поени кои ќе може да ги искористите за било кое друго купување, средствата ќе ви бидат вратени во полн износ. Доколку побарате средствата да се вратат на вашата сметка, враќањето се врши на истиот начин како што е извршено плаќањето а средствата намалени за износот од 5% ќе ви бидат ставени на располaгање во рок од 3 до 7 работни дена (зависно од банката) по потврдената рефундација за која ќе бидете известени по емаил.

Производот може да се врати во рок од 15 дена од денот на приемот на пратката. Производот мора да бидe неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета. Пакуваните производи се враќаат кај нас преку брза пошта на адресата што ја добивате од наша страна на свој трошок. Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички, дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, Woooper има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку Виза и Мастер кард, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.

Повратот се врши исклучиво со уплата на тековната сметка во денари и не е можно да се испратат пари преку курир во готово.