Со купувањето на било кој производ од страната или учествување во било која програма на истата Вие се согласувате со Условите на употреба, вклучително и Условите за купување.

Општи:

Описот на производите на Woooper се дадени од страна на Продавачите или друга трета страна која е засегната. Woooper не ги истражува или гарантира за Продавачите, и согласно тоа Woooper не е одговорен за давањето на услугата или замерки во однос на квалитетот поврзани со описот на производот. Цената на производите може да се променат во било кое време без претходно известување од страна на Woooper.

Продавачот може да рекламира услуги, производи или патувања преку сајтот. Доколку чуствувате потреба Вие може да истражите повеќе пред купување на било кој производ за да дознаете дали Продавачот е овластен да врши продажба на конкретните производи. Продавачот е единствено одговорен за квалитетот на услугите и производите кои се продаваат преку понудата.

Woooper може во своја дискреција, доколку смета дека тоа е неопходно да го провери идентитетот на одреден купувач. Woooper може исто така да одбие процесирање на купување или да откаже направено купување, доколку е тоа разумно неопходно, во согласност со важечките закони или со цел да одговори на погрешна интерпретација, измама или потенцијално кршење на законите или Условите на употреба. Рефундирања на средства за откажани трансакции може да бидат направени каде што е потребно.

Ако одреден производ стане недостапен за купување, Woooper ќе го откаже купувањето и ќе ве извести по е-маил.

Woooper не гарантира за цените на производите и не гарантира дека нема да има грешка во цените. Woooper го задржува правото да не ги процесира или откаже купувањата доколку цената која била дадена во понудата е грешна. Доколку дојде до ваков случај Woooper ќе ве информира преку е-маил. Дополнително Woooper го задржува правото да ја промени продажната цена на производите вo секое време.

Производи:

Единствено Продавачот е одговорен за грижата и квалитетот производите кои ги обезбедува и за било каква настаната штета, повреда, трошок направен директно или индиректно, делумно или целосно. Вие го ослободувате Woooper и неговите вработени од било какви обврски кои прoизлегуваат од  или се поврзани со кој било чин или пропуст од страна на Продавачот во врска со користењето на производот.

Продавачот е издавач и продавач на производитее и истиот е единствено одговорен за замена на производот и/или услугите. Ако Продавачот одбива размена на производот, а периодот за искористување е валиден контактирајте не, Woooper ќе ви ги врати средствата на истиот начин на кој се платени, или како Woooper поени во Вашата торбичка на профилот (освен ако не е поинаку назначено во условите на зделката или во специфичните правила кои се однесуваат на конкретниот ваучер). Ваучерите не може да се заменат за пари во форма на банкноти.