Внесувањето на Вашата e-mail адреса значи одобрување за да добивате секојдневни промоции, понуди и информации за нашите производи. Отчленувањето од Woooper може да биде извршено во секое време.

Добродојдовте на веб страната  Woooper (дефинирана во продолжение). Со користењето на оваа веб страна Вие се согласувате со Условите за употреба (дефинирани во продолжение). Прочитајте ги внимателно и доколку имате било какви прашања за истите, Ве молиме слободно обратете ни се.

Овие Услови за употреба се последно обновени на 18.04.2024

ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА

Адбаркадеро ДООЕЛ, ја поседува и менаџира веб страната www.woooper.com (“Woooper”, “ние”, “наше” или “нас”) и мобилните апликации и верзии. Со користењето на оваа веб страна и услугите од истата Вие (“Вие” или “крајниот корисник”) се согласувате со Условите за употреба (дефинирани во продолжение). Понатаму се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци која се наоѓа на овој линк и се согласувате дека ќе ги посетувате Условите за употреба за да бидете во тек доколку се направат измени. Политиката за заштита на лични податоци заедно со овие Услови на употреба, се нарекуваат Услови на употреба.

ДОКОЛКУ НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО НАВЕДЕНИТЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО УПОТРЕБУВАТЕ ВЕБ САЈТОТ И УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИ WOOOPER, НЕ КУПУВАЈТЕ НИТУ ЕДЕН ПРОИЗВОД, НЕ УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО НАГРАДНИТЕ ИГРИ И НЕ КОРИСТЕТЕ УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ ВЕБ СТРАНАТА.

Условите за употреба се подредени на следниов начин:

  1. За веб страната
  1. Сопственост на веб страната
  1. Употребување на веб страната
  1. Пристап до страната
  1. Менување на Условите за користење
  1. Ваш профил
  1. Правила за однесување на крајниот корисник
  1. Ваша приватност
  1. Услови за купување
  1. Учество во специјални програми
  1. Авторски права и трговска марка
  1. Содржина од корисници
  1. Заштита на авторски права
  1. Услови за гаранција
  1. Ограничување на одговорност
  1. Електронска комуникација
  1. Содржина од трети лица
  1. Надоместување на штети
  1. Виша сила
  1. Целосен договор

1. За веб страната

Woooper нуди интерактивна онлајн услуга преку веб-сајтот со домеин woooper.com, под дејствие на компанијата Адбаркадеро ДООЕЛ. Со помош на веб страната Woooper.com компаниите („Продавачите“) продаваат производи од нивните брендови. Исклучиво продавачот е одговорен пред купувачите (Вас) за квалитетот и состојбата на производите. Понудите и цените на сајтот се од променлива природа и истите можат да се променат во секое време, без претходна напомена.

2. Сопственост на веб страната

Веб страната, целата содржина на страната и инфраструктурата која се користи за да ја направи оваа веб страна достапна се наша сопственост, на продавачите и на други даватели на услуги. Со користењето на оваа веб-страна крајните корисници се согласуваат со сите правила и услови приложени во продолжение (а) Woooper Ви овозможува лимитирана, лична, непреносилива, неексклузивна лиценца за користење на страната во согласност со Условите за употреба и со сите останати дополнителни политики и правила поставени од Woooper; и (б) се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате содржината, софтверот или производите добиени преку веб страната без претходно одобрување од Woooper.

3. Употребување на веб страната

Како предуслов на веб страната, Вие се согласувате дека:

– Сте на возраст од најмалку 18 години.

– Сте во можност да извршите правна обврска.

– Законски не ви е забрането да користите одредени производи или услуги.

– Нема да се обидете да извршите било какво дејствие врз сајтот за изнудување на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации.

– Користењето на сајтот од Ваша страна во секое време ќе биде согласно овие Услови на Употреба.

– Ќе извршувате легитимни купувања кои се согласно условите дадени со секоја понуда.

– Ќе извршувате купувања само за Ваша лична употреба или за подароци за пријатели.

– Ќе оставите точни информации за Вас на било кое место на сајтот каде што е побарано да оставате податоци.

– Ќе ги менувате податоците за вас доколку има потреба за да сте сигурни дека се точни во секое време.

– Ќе купувате само од понудите на Продавачите преку веб страната со креирање на сопствен профил на страната и секое купување ќе биде предмет на Условите за купување, образложени во продолжение во овие Услови за употреба.

– Вие сте самите одговорни за Вашата лозинка и нејзиното доверливо чување.

4. Пристап до страната

Woooper го задржува правото да одбие да даде услуга или пристап на веб страната или на профилот на било кое лице, во било кое време од било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често пати безбедно место, понекогаш се појавуваат пречки во службата или случувања кои се надвор од контрола на Woooper, и Woooper не сноси одговорност за било кои податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако целта на Woooper е да биде достапен 24/7 сајтот може да биде повремено недостапен од било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Со ова Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на Woooper, пристапот до Woooper може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

Woooper го задржува правото во  било кое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на веб страната, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на, содржината, часовите на достапност и опремата потребна за пристап или употреба на сајтот.

5. Менување на Условите на користење

Woooper го задржува правото во секое  време да го прекине и/или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката за заштита на лични податоци доколку смета дека истото е неопходно или пожелно. Овие промени може да вклучуваат, меѓу другото, и додавање на одредени такси или давачки. Доколку Woooper прави било какви суштински промени, ние ќе ви испратиме известување преку e-mail, на e-mail адресата со која е регистриран вашиот профил и/или со објавување на известување за променените на веб-страната. Ако настаната било какви промени на овие Услови на користење, истите ќе стапат на сила откако претходно ќе ви испратиме известување на e-mail или претходно ќе објавиме известување за промените на нашиот сајт. Ваквите промени нема да важат за производи кои се купени пред да стапи на сила датумот на ваквите промени. Доколку не се сложувате со извршените промени Вие можете да го избришете Вашиот профил без никаков надоместок и во иднина да не ги користите услугите на веб страната по промената на условите. Извршените промени ќе бидат важечки за новите корисници на веб страната и за сите производи купени од страна на таквите нови корисници. Од таа причина ние Ви препорачуваме повторно да ги прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на Употреба и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да бидете информирани за секакви промени. Секое користење на веб страната од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на таквите измени.

6. Ваш профил

На веб страната Вие можете да регистрирате и одржувате само еден профил за лична употреба. Вие самите имате одговорност за обновување на податоците на Вашиот профил. Дел од измените на Вашиот профил кои имате опција да ги направите се следниве: промените, зачувате и/или избршете било какви лични информации од Вашиот профил или да се отчлените за да престанете да добивате промотивни е-маил пораки. Вие се согласувате дека Woooper не сноси никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со Вашиот личен профил. Исклучиво Вие одговарате за одржувањето на безбедноста на Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека било кое лице кое ќе ја користи веб страната преку Вашиот профил сте Вие. Понатаму, Вие сте во согласност дека единствено Вие сте одговорни за било каква активност која се случува на и/или со Вашиот профил. Профил кој го користите може да биде отстранет заедно со средствата кои се наоѓаат на него доколку истиот не го одржувате со тековни податоци.

Вашиот профил е непренослив и истиот не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице. Било какво непочитување на овие Услови на Употреба би можело да доведе до негово исклучување без да бидете претходно известени. Дополнително, Woooper го задржува правото да ја промени или исклучи било која опција од веб страната, вклучително, но не и ограничено на барањата за употреба на самата веб страна.

7. Првила за однесување на крајниот корисник

Сите интеракции кои се одвиваат на оваа веб страна мора да бидат согласно со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека однесувањето на било кој корисник му попречува или му забранува на било кој друг корисник да употребува некој  дел од сајтот, ние може да го ограничиме Вашиот пристап и користењето на веб страната.

Во продолжение се активности кои се забранети на веб страната и претставуваат кршење и непочитување на Условите за употреба:

Објавување на содржина која:

– Ги крши законите (вклучено, но не и ограничено на: законите за интелектуална сопственост, законите кои се однесуваат на заштита на лични податоци и законите кои се однесуваат на клевета).

– Содржи Ваши лични податоци, освен ако веб страната јасно не го побара тоа од вас.

– Содржи вируси и/или лош софтвер кој може да наштети на функционирањето на веб страната.

– Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци.

– Испраќа пораки од неовластени лица од Woooper, кои наводно зборуваат во наше име или нудат доверливи информации поврзани со Woooper.

– Со цел да биде е несоодветна, да претставува измама, или да фалсификува податоци; или

– Е заштитена со авторски права, трговска марка или било каков друг тип на интелектуална сопственост без јасна потенцирана согласност од тој сопственик на авторското право, таа трговската марка или друга интелектуална сопственост

Да се направи обид или навистина да се направи било која од следниве активности:

– Да се пристапи до податоци кои јасно не се наменети за вас, како и пристапување на сервер и/или профил за кои немате овластен пристап.

– Скенирање или следење на веб страната сè со цел за прибирање податоци, во обид да се следи продажбата, користењето на информации за понудите, информации за цените на веб страната и/или слични податоци.

– Скенирање или тестирање на безбедноста и конфигурацијата на сајтот или да се прекршува безбедноста и/или мерките за автентикација; или

– Попречување и мешање во употребата на веб страната на било кој друг корисник на било каков начин, вклучувајќи, но без ограничување, по пат на пуштање вирус на страната во обид да се направи преоптоварување  со “спам” пораку, или да предизвика прекин на веб страната.

Употреба на:

– Рамки (анг. frames), техники на рамки (наг. framing techniques) или технологија на рамки (анг. framing technology) за да се открие или покаже било каква содржина од веб страната без претходна наша писмена дозвола.

– Било каква содржина од страната, вклучувајќи, но без ограничување на Кориснички содржини (дефинирано подолу), во било кои се мета таговите или било каков друг “скриен текст” техники и технологии без претходна наша писмена дозвола.

– Веб страната или било која содржина од истата со цел да се рекламира и/или дистрибуира, за комерцијални, политички и/или верски цели или да се натпреваруваат директно или индиректно со Woooper.

– Веб страната или било кои од ресурсите од истата за да привлече корисници, трговци или останати трети страни за да бидат корисници или партнери на некои други онлајн и/или офлајн услуги директно или индиректно конкурентни или потенцијално конкурентни со Woooper, вклучувајќи, но без ограничување на собирање тековни или претходно понудени понуди.

Собирање на било какви информации и тоа:

– Содржина од веб страната, неограничувајќи се на тековни или претходни понудени понуди на истата и притоа изнесување на таквата содржина пред корисниците на било каков начин со цел да се пренасочат корисниците од веб страната на било која друга трета страна, без претходна наша писмена дозвола.

– Лични податоци (дефинирани во Политиката за заштита на лични податоци), Содржина од корисници (дефинирана во точка 12) или содржина од било кој корисник или Продавач.

Вклучување во некоја од наведените активности:

– Мешање или попречување на правилното функционирање на било кој дел од веб страната или на било какви функции и/или услуги обезбедени од Woooper.

– Правење на било какво дејствие што предизвикува претерана побарувачка за нашите услуги, налага, или може да наметне, неразумно и/или нееднакво големи оптоварувања на серверите или на други делови од нашата инфраструктура.

– Препродавање на било кои купувања направени преку веб страната.

– Да се надмине или да се направи обид да се надмине горната граница на одобрена количина на производи кога се врши купување на истите, или на на некој друг начин користење на било кој Woooper профил за да се купат производи за препродажба или за шпекулативни, лажни, измамнички или било какви други цели кои се исклучиво забранети во овие Услови на употреба и условите на конкретната понуда на веб страната.

– Пристапување, следење и/или копирање на било која содржина од веб страната, користењето на кој било “робот”, “пајак”, или други автоматски средства или кој било друг рачен процес за било која цел, без претходна нашa писмена дозвола.

– Колектирање и прикажување на било кои актуелни и/или претходни понуди, содржина или какви било други информации од веб страната (без разлика дали користите линкови или други технички средства, физички записи кои се поврзани со купувања направени преку веб страната), со материјали од некои други сајтови без претходна наша писмена дозвола.

– Длабоко поврзување со било кој дел од веб страната (вклучувајќи, но без ограничување, патеката за купување на секој производ) без претходна наша писмена дозвола.

– Пристапување до веб страната од било кој друг веб-сајт без претходна наша почетна и тековна согласност; или

– Дејствување незаконски или злонамерно против бизнис интересите и угледот на Woooper, нашите продавачи и/или нашите услуги.

8. Ваша приватност

Ние ја сфаќаме многу сериозно приватноста и заштитата на Вашите лични податоци. Ве поддржуваме и охрабруваме внимателно да ја погледнете Политиката за заштита на лични податоци за да се информирате за важни услови и правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци. Нашата политика за заштита на приватност е содржана во овие Услови на употреба, а до истата може да пристапите тука.

9. Услови за купување

Со купување или добивање на каква било понуда на веб страната обезбедена од било кој Продавач, Вие се согласувате со Условите за употреба, вклучувајќи ги и Условите за купување, достапни тука.

10. Учество во специјални програми

Со Вашето учествуво во било која програма, маркетинг промоција, giveaway или некоја друга активност организирана од Woooper се согласувате со овие Услови на употреба.

11. Авторски права и трговска марка

Веб страната содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и останати сопственички информации, вклучувајќи ги, но не и ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео и графика. Се што има на оваа веб страна (“Woooper”) е во ексклузивна сопственост на Адбаркадеро ДООЕЛ. Woooper има ексклузивно авторско право над селекцијата, координацијата или менување на содржината како и во самата содржина.