Капсули за имунитет | Borola | 30 капсули


Цена:
ден 697

Description

 

Imunobor е моќен имуномодулатор за возрасни, за зајакнување на имунолошкиот систем и зголемување на природната заштита на организмот од болести.

Содржи четири комплементарни природни состојки кои придонесуваат за имунитетот. Во секоја капсула има висококвалитетни стандардизирани екстракти од кора на мачкина канџа 500mg и 50mg корен на мака, листови на херба мате и по деарко. Тие поседуваат најсилен имуностимулирачки ефект, познат уште од антиката.

Imunobor има имуностимулативен и противвоспалителен ефект. Го штити организмот од бактериски, вирусни и др.инфекции. Има податоци дека го инхибира развојот на клетките на ракот. Помага за нормално функционирање на дигестивниот систем. Освен тоа Imunobor пројавува антиоксидантно и антистресно дејство.Ја подобрува психичката и физичката состојба на организмот и сексуалната способност. Има општотонизирачки ефект. Се претпоставува дека состојките на Imunobor го имаат следниов механизам на дејство: го стимулираат производството на имунолошките клетки, имаат директен антимикробен ефект и благодарение на богатата содржина на биоактивни супстанции ја зголемуваат одбрамбената сила на организмот.

Imunobor се употребува за зајакнување на имунолошкиот систем при:- често боледување- вирусни, бактериски и габични инфекции- превенција, за време на боледување и во закрепнувачки период- малигни заболувања- хроничен замор – како општо закрепнувачко и тонизирачко средство.

Се зема по 1 капсула 3 пати на ден, првите 10 дена, а после тоа се продолжува со терапија од 1-2 капсули на ден. Земањето наутро осигурува целодневен животен тонус.

Imunobor е природен производ и практично е безопасен. Не се забележуваат несакани ефекти.

Imunobor не се употребува за време на бременост.

Дејството на состојките на Imunobor се истражени во однос на имуностимулирачки, антиинфламаторен, антиканцероген и други ефекти. Научниците продолжуваат со истражување за откривање на други лековити својства на состојките на Imunobor.Imunobor® е трговска марка на БОРОЛА. Продуктот е произведен во САД во согласност со барањата на Добрата производна пракса. Imunobor е додаток во исхраната. Чувајте го на суво, недостапно за деца место на температура под 30˚С.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed