Црвен сирак | Мо Јен


Цена:
ден 210

Description

Мо Јен е еден од најпознатите современи кинески писатели, добитник на Нобеловата награда за литература во 2012 година. „Нобеловата награда за литература во 2012 година се доделува на кинескиот писател Мо Јен, кој со халуcинантен реализам ги спојува народните приказни, историјата и современоста...“ -– Петер Енглунд Новелата Црвен сирак е дел од истоимениот циклус новели со кој авторот стекна светска слава, според кој е снимен филм што на фестивалот во Берлин во 1988 година ја доби наградата „Златна мечка“. Во овие новели, користејќи митски елементи, авторот ја раскажува историјата на три генерации од едно семејство за време на јапонската окупација на Кина во триесеттите години на 20 век. Основен мотив што се провлекува низ новелата е црвениот сирак, растение што се користи за храна и за подготвување ракија, што во времето во кое владее мир служи како метафора за животот на село, во војната станува симбол на борбата за живот.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed