Шампон со маслиново масло | Bioblas Organic | 400ml


Цена:
ден 310

Description

Клинички тестираните шампони со органски масла на BIOBLAS се одличен начин за да ја заштитите и зајакнете вашата коса во моменталните временски услови. Може да ги најдете во сите подобро снабдени аптеки, а ги има во пет варијанти: Коприва, Бел лук, маслиново масло+коњско опавче, див ф’стак и ловоров лист.

Доколку имате проблем со првутот, Bioblas Organic Oils- Див ф’стаk е решението за вас, бидејќи шампонот е збогатен со органски серум против опаѓање на косата, го продолжува животниот век на влакното и го намалува влијанието на надворешните фактори. Органското масло од див ф’стаk го смирува скалпот и го намалува првутот до 100%.

За масна коса ви го препорачуваме шампонот со масло од ловоров лист. Спречува липоидоза на косата и ја зајакнува без да ја прави потешка.

Шампонот од бел лук е наменет за сите типови на коса. Овол шампон е создаден со целосно зачувување на содржината и придобивките од белиот лук.

Комбинацијата на маслиново масло и коњско опавче е наменета за оние кои имаат проблеми со сува и оштетена коса. Помага при регенерација на косата, бидејќи ја обновува од коренот, до врвовите. Дава ефект на здрава и негувана коса.

Bioblas шампонот со органско масло од коприва е наменет за зголемување на волуменот на тенката коса. Користењето на овој шампон доведува до згуснување на косата, а истата добива постојан волумен и облик.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed