Заклученото тело на Лу | Оливера Ќорвезироска


Цена:
ден 105

Description

„Во десната рака иглата на фактот, во левата рака иглата на фикцијата и Оливера Ќорвезироска ја исплела плетката на зборовите, приказната, во романот ’Заклученото тело на Лу‘. Романот немало да постои ако не постоеле левата и десната игла, да се сплете вакво ремек дело кое ќе ги топли и ќе ги потхранува читателските умови е умешност, занает на женската авторска рака. Ако зборуваме за фактите и фикцијата треба да напоменеме дека овој роман на Ќорвезироска е поставен на цврста историска платформа, затоа што Лу Саломе била личност пред да стане книжевен лик во делото од Ќорвезироска и во други дела на други автори и истражувачи на нејзиниот живот. Хачион смета дека делата кои си поигруваат со фактите и фикцијата може да ги сместиме и во прегратките на историографската метафикција.“ – Наташа Аврамовска

Можеби би ве интересирало

Recently viewed