Прочистувач на воздух | Gorenje | AP500

Попуст 14%

Цена:
ден 15,990 ден 18,490

Description

ДИГИТАЛНА КОНТРОЛНА ТАБЛА

Лесен за користење
ЛЕД-осветлената контролна табла ви помага лесно да се префрлате помеѓу различните брзини на вентилаторот и режимите за прочистување на воздух (автоматски, тивок или турбо). Можете исто така да ги исклучите светлата. Уживајте во целосната контрола на прочистување на воздухот.

Супер тивок на 25 dB

Прочистувачот работи тивко и мирно, како шепот, кога работи со најмала брзина на вентилаторот и со исклучени светла. Со ниво на бучава од само 25 dB го чисти воздухот за полесно дишење и спиење. Идеален е за спални или детски соби.

Лош, добар или одличен квалитет на воздухот

Прочистувачот го покажува моменталниот квалитет на воздух во просторијата преку ЛЕД светло. Сензорите го мерат квалитетот на воздух во затворена просторија со прикажување на црвена (слаб квалитет на воздух), портокалова (добар квалитет на воздух) или сина прстенеста светлина (одличен квалитет на воздух).

Со индикатор за промена на филтерот

Секој заменлив 3 во 1 филтер доаѓа со префилтер, ХЕПА филтер и филтер со активен јаглен, со најнова технологија за прочистување. Активниот јаглен ги отстранува непријатните мириси. Светлосниот индикатор предупредува кога е време да ги смените филтрите.

Оптимална удобност

Лесно може да одберете една од трите брзини на вентилаторот: ниска, средна и висока. Дополнително, можете да изберете и автоматски, тивок или турбо режим. Турбо режимот на работа е совршен за брзо прочистување на воздухот.

За простории до 60 m2

Уживајте во свеж и чист воздух во спалната соба, дневната соба или во канцеларијата. Прочистувачот на воздухот е совршен избор за простории до 60 м2. Можете да го поместувате многу лесно и да го подобрувате квалитетот на воздухот таму каде што е потребно.

Чувствувајте повеќе енергија

Технологијата на јонизација ослободува негативни јони во воздухот. Тие се неопходни за метаболизмот на клетките и другите витални функции. Ефикасниот систем за филтрирање отстранува полен, мириси, чад и честички од прашина, секогаш обезбедувајќи чист и свеж воздух во затворените простории.

Совршена контрола

Двата сензора ги читаат ултра ситните честички (PM2.5) и испарливите органски соединенија (VOC), кои се непостојан извор на загадување на воздухот во затворен простор. Примери за извори на VOC во домашна и во работна средина се: бои и лакови, козметика, производи за чистење, софи, душеци, теписи, весници и фотокопири итн. Сензорите имаат индивидуализирани нивоа за трите различни сегменти од одличен до многу загаден (одличен до лош воздух квалитет). Вредноста ќе ја генерира бојата на ЛЕД-дисплејот (вредност на VOC) и бојата на светлото на прстенот (вредност PM2,5).
  • Површина: 60,
  • Дисплеј: ЛЕД дисплеј,
  • IonTech,
  • Ширина: 310 mm,
  • Висина: 680 mm,
  • Длабочина: 310 mm

Можеби би ве интересирало

Recently viewed