Читајте ги луѓето како книга | Патрик Кинг


Цена:
ден 320

Description

Книга за брзо читање на луѓето: дешифрирање на говорот на телото, откривање лаги и манипулации и разбирање на човечката природа

Можат ли да се проценат луѓето дури и без да кажат збор? Со помош на оваа книга можете да станете „читач на мисли“ и да создадете длабоки и корисни врски со другите, но и подобро да се запознаете себеси и да си го подобрите животот.

Што можат да ни кажат гестовите на луѓето за нивните емоции? Како да ги дознаеме нивните побуди и скриени мисли? Дали гледањето во очи е сигурен знак за искреност? И зошто во сето тоа контекстот е толку важен?

Ова не е обична книга за говорот на телото и изразите на лицето. Иако ги вклучува сите тие нешта, како и нови техники за успешно разоткривање на лаги и манипулации, „Читајте ги луѓето како книга“ зборува за разбирањето на човечката психологија и природа. Со нејзина помош можете директно и брзо да се поврзете со секој човек, за остварување подобра комуникација и соработка. Но притоа ќе ги разберете и фините сигнали што самите ги праќате и ќе си ги зголемите емоционалната и социјалната интелигенција, својата благосостојба и целокупниот живот.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed