Ракија | Azbooka


Цена:
ден 865

Description

Добредојдовте во светот на ракијата Azbooka! Свет во кој секоја голтка има посебна приказна, а секое шише е том што чека да биде истражен до крај. Наша муза е Смедеревката – грозјето што ја носи душата на нашиот крај, внесувајќи нота на елеганција, свежина и радост во секоја капка.

Azbooka е вашиот другар во создавање на заеднички приказни со смеа и дружење. Ракија за ручеци, вечери и седенки во кои часовникот застанува, а времето се мери во чашки споделени меѓу пријателите.

Приказната за Azbooka: Инспирација меѓу голтки!

Приказната за Azbooka настана во една долга ноќ. Меѓу одекот на смеата и ѕвечкањето на чашките, двајца пријатели решија да испишат своја приказна. Да создадат ракија која сведочи за традицијата, а сепак е дел од иновативната сегашност. Создадоа пијалак кој ќе ги инспирира луѓето да споделуваат свои приказни и да уживаат во заедничките мигови.

Azbooka има разигран дух. Познато е дека поттикнува поглавја на кои можеби нема да се сеќавате дека сте ги испишале, со ненадејни пресврти скриени во топлината на нејзината прегратка. Таа е музата на шеговитите приказни, ноќите со неочекувани пресврти или искрените исповеди кон ѕвездите.

Зошто „by the book”?

Затоа што користиме прва класа македонско грозје со идеални шеќерни единици. Преку двојна дестилација, на традиционален начин свежите вкусови од младото македонско вино ги пренесуваме во Azbooka.

Во секое шише Azbooka има приказна за дестилираното мајсторство, расказ преточен од најдобрата смедеревка, негувана од сонцето, галена од ветрот и наследена од вековните традиции. Azbooka не е само за приказните што сме ги напишале туку и за оние што чекаат допрва да бидат откриени.

Раскажи ја твојата приказна со Azbooka.

Да наздравиме заедно за приказните што уште не се создадени. За смеата што уште не е споделена. И за спомените што чекаат да бидат дестилирани. Подигнете чашка Azbooka и нека се вртат страниците, бидејќи во секоја капка постои свет на нераскажани приказни, а во секое шише – покана да напишете своја нова приказна.

Придружете ни се во уметноста на создавање и раскажување свежи и возбудливи приказни!
Секоја голтка – збор, секоја чашка – реченица, а секоја средба – приказна.
А сето тоа: By the book, во духот на ракијата Azbooka!

Можеби би ве интересирало

Recently viewed