Млечна формула за доенчиња постари од 6 месеци | Novalac 2


Цена:
ден 565

Description

Novalac 2 млечната формула е прилагодена за исхрана на доенчиња постари од 6 месеци.

• Опширен опис:
Novalac 2 млечната формула е прилагодена за исхрана на доенчиња постари од 6 месеци. Дел е од разновидната храна, но во првите 6 месеци не смее да се употребува како замена за мајчино млеко. Соодветна е како дополнителна храна ако доењето не е доволно, и како преодна храна по употребата на Novalac 1 почетна млечна формула за доенчиња.
Универзалната млечна формула Novalac 2 има сличен состав како мајчиното млеко. Ги содржи сите протеини, масти, јаглехидрати, аминокиселини, витамини и минерали кои се потребни за здрав раст и развој на доенчиња.
Novalac 2 е дел од големата група на посебно прилагодени производи за доенчиња со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет.
Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детска млечна храна, не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.
За кого е наменета Novalac 2?
• Доенчиња без проблем со варење
• Доенчиња на возраст над 6 месеци
• За доенчиња како дополнување на разновидна исхрана

Можеби би ве интересирало

Recently viewed