Безразборна лабораторија | Влада Урошевиќ


Цена:
ден 400

Description

Најновата поетска книга на Влада Урошевиќ, Безразборна лабораторија, веќе со самиот наслов, дијалектички ги проникнува аполонискиот и дионизискиот концепт како два, сосема рамноправни принципи на креацијата. Поетската „безразборна лабораторија“ ги хармонизира: авантурата и редот, љубопитството за необичното и „копнежот по систем“, играта и дициплината, „креативната фантазија“ и искуството, восхитот пред животот како едно малечко големо чудо и интелектуалната контрола, смислата за чудесност и култивираниот израз и стил, пеењето и мислењето. Книгата Безразборна лабораторија е космичкиот ритам на творештвото вон и во човекот. Драмата што се одвива во поетската лабораторија е созвучна со големата драма на постоењето што секојдневно се случува во замислената лабораторија на природата.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed