Поезија | Фјодор Иванович Тјутчев


Цена:
ден 250

Description

Фјодор Иванович Тјутчев (1803 – 1873 г.) е еден од најголемите руски филозофски лиричари, генијален мајстор на класичниот стих. Во неговата поезија извонредно се амалгамизирани мислата, музикалноста, сликата и емоcијата. Иако неговиот опус не е многу голем по обем, тој се смета за еден од најзначајните во ризниcата на cелокупната руска поезија. Во неговата поезија се распознаваат „две лири“: поезијата на денот, која звучи радосно и yвонливо, маЌепсува со својата чиста, воздушна музикалност, и ноќната поезија на хаосот, која грми со татнеи, пеејќи ѝ химни на беспочетната бездна. И кај Тјутчев, како кај Пушкин, доминираат умствжената и чувствжената јасност, конкретната дефинираност на поетскиот предмет со неговиот хармоничен, светол и звучен облик што сугерира оптимизам и животна радост. Во секоја негова песна се чувствуваат потезите на моќен филозофски лиричар, кој поетскиот предмет го набљудува однатре и го доведува во врска со општата хармонија и судбина на светот и космосот.

Можеби би ве интересирало

Recently viewed